ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР – 26-28. Септември. 2015, Ресен

gyhk-13443

Компанијата АГРИЦОМ – Скопје, оваа година по втор пат зема учество со свој изложбен штанд на традиционалната манифестација во чест на почетокот на бербата на јаболката – ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2015 .  На овогодошната манифестација имавме неверојатно голема посетеност на нашиот штанд, каде имавме можност да ги презентираме нашите продукти за прихрана, кои веќе втора година се на пазарот во Преспанскиот регион и веќе си го заземат своето место во програмите за ѓубрење и прихрана на производителите на јаболка во Преспа.

За време на манифестацијата, ги остваривме планираните состаноции со нашите партнери во пазарот на мало во Ресен (земјоделски аптеки), но остваривме и бројни контакти со крајните потрошувачи, производители на јаболка од кои можевме да слушнеме пофални зборови за нашиот продукт – Морски Алги , но и контруктивни забелешки за понатамошно унапредување на стратегијата за настап на овој за нас многу значаен регион во земјоделието.

Исто така, имавме можност да воспоставиме и контакти со потенцијални партнери од пограничниот регион, Корча во Албанија, каде инициравме разговори за можна соработка и ширење на нашата продажна мрежа и во соседна Албанија.

На манифестацијата ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2015 год., компанијата АГРИЦОМ беше и спонзор на една од наградите за најдобрите производители на Јаболка во Ресен.  Искрено се надеваме, дека и следната година ќе учествуваме на оваа манифестација и со нашиот планиран развој на компанијата, ќе допринесеме да и самата манифестација стане се поголеме и поатрактивна.