МОРСКИ АЛГИ

Морски Алги

morski-algi

Humic Growth Solution’s Diamond-Grow органски МОРСКИ АЛГИ се 100% водорастоплив продукт, добиени од алгата - Ascophyllum Nodosum. Која се собира во Исланд. Овој тип на алга се користи за исхрана на животните и луѓето, како и за органско ѓубриво и био-стимулатор. МОРСКИТЕ АЛГИ содржат макро елементи (N, P, K, Ca, Mg, S)  и микро елементи (Mn, Cu, Fe, Zn, etc) како и цитокинин, ауксини, гибералини, бетаинс, манитол, органски киселини, полисахариди, аминокиселини и протеини кои се есенцијални за здрав развој на растенијата  во земјоделието.

Состав

Вкупен азот (N) - 1.20 %
Вкупен калиум (К2О) - 15.12 %
Органска материја 54,80 %
pH вредност 7.5 - 9.0
Zn 0.005%
Ca 0.13%
Mg 0.12%
Fe 0.012%
Na 1.30%
B 0.0051%

MOРСКИТЕ АЛГИ содржат повеќе од 70 минерали и витални елементи за раст како и природни хормони: цитокинин, ауксин, гиберелини, бетаинс, манитол, како и органска киселина, полисахариди, аминокиселини и протеини, кои се од суштинско значење за здравиот раст и развој на растенијата во земјоделието и хортикултурата.

Придобивки

MOРСКИТЕ АЛГИ  се биостумулатори кои се користат како дел од добро избалансирана прихрана на растенијата. Тие му помагаат на растението да ги земе елементарните хранливи материи преку листот, а при апликација во почвата МОРСКИТЕ АЛГИ го зголемуваат бројот на корисните микроорганизми за растението.

МОРСКИТЕ АЛГИ го подобруваат вкоренувањето, го зголемуваат растот и цветањето на растението, ја зголемуват отпорноста на растенијата на/од болести и инсекти, го зголемуваат шеќерот и  ја подобруват бојата и мирисот на плодовите.

MОРСКИТЕ АЛГИ го зголемуваат имунолошкиот систем на растението и делуват за анти-стресно. Истовремено, тие се извонреден продукт кој се користи и за пост-стресна ситуација, кога со нивно дејство растението побргу се нормализира.

МОРСКИТЕ АЛГИ се корисни и за превентивни третмани. Честото повторување на третирања со мали количини покажуваат многу подобри резултати, отколку поретко третирање со големи количини.

МОРСКИТЕ АЛГИ се едни од најдобрите органски производи за прихрана.

НАЧИН НА УПОТРЕБА (фолијарно и фертиригација)

ГРАДИНАРСТВО (фолијарно/фертиригација)

Се аплицира по 3л./ха на секоја апликација:

  • На секои 10-15 дена во тек на целата вегатација до берба

ОВОШТАРСТВО и ЛОЗАРСТВО (фолијарно)

Се аплицира по 5л/ха на секоја апликација:

  • 5-10 дена пред цветање
  • 10-15 дена по завршување на цветањето
  • Во фаза на растење на формираните плодови
  • 10-15 дена пред берба

ЦВЕЌАРСТВО (фолијарно)

Се аплицира како раствор од 0,3 л на 100 литри вода:

  • Нa секои 10-15 дена во тек на целата вегетација на цвеќето

Напомена

МОРСКИ АЛГИ – може да се аплицира/меша заедно со други видови на ѓубрива и продукти за прихрана, како и со хемиски заштитни средства кои не се на база на бакар. Не содржи тешки метали.

Рок На Употреба

Неограничен

Пакување

МОРСКИ АЛГИ ги  има во пакувања од: 1 л., 5 л., 10 л., 20 л. и 50 литри.