Продукти

Почетна » Амино 80
amino 80

Амино 80

АМИНО 80 содржи органски азот во форма на природни пептиди, аминокиселини и NON GMO хидролизирани ензими. Додавањето ОРГАНСКИ азот во Вашата почва им овозможува на микроорганизмите да ги прилепуваат протеинските молекули, потоа да ги одделат аминокиселините за да формираат амониумски јони и финално нитратни јони. Протеините се градивно ткиво на целиот животен век и тие се формираат од низа на аминокиселини.

Состав

Вкупен азот 14%

Слободни аминокиселини 12%

Фосфор 0.24%

Калиум 0.10%

Калциум 0.40%

Аланин 3.20%

Аргинин 5.50%

Аспарагинска киселина 5%

Аспарагинска киселина 5%

Глутаминска киселина 10%

Глицин 18%

Хистидин 0.60%

Изолеуцин 1.15%

Леуцин 2%

Лизин 2.25%

Фенилаланин  1.50%

Пролин 8.2%

Серин 2.2%

Тхреонин 1.60%

Тирозин 0.80%

Валин 1.6%

Придобивки

Со примена на АМИНО 80 директно се влијае на физиологијата на растителните процеси што резултира со докажан зголемен квлитет и принос. Дополнително го подобрува цветањето и оплодувањето при што дирекно влијае на формирање на уедначени плодови. Ја зголемува фотосинтетската активност со што ги забрзува физиолошките процеси на растението.

Во неповолни временски услови (високи температури, ниски температури, суши, денови без сонце) има анти стрес дејство кое овозможува растението да ги зема хранливите материи при што непрекинато се одвиваат физиолошките процеси, а како резултат на тоа растението го зајакнува својот имунитет. Исто така делува на развитокот на кореновиот систем, големината, бојата и цврстината на плодовите со што се подобруваат квалитативните својства.

Кај плодовите со вакви карактеристики начинот за манипулација е значително олеснет во делот на пакување, складирање и транспорт. АМИНО 80 како органско азотно ѓубривo (протеинско базирано) е погодно за сите типови на растенија како фолијарно или почвено ѓубриво.

Примена и дозирање

Фолијарна и апликација во почва

Градинарство: 1-2кг/хектар

Овоштарство и Лозарство: 1.5-2кг/хектар