Продукти

Почетна » ЕМ Агро
EM

ЕМ Агро

ЕМ АГРО претставува комплекс на живи микроорганизми (бактерии на млечна киселина, фототропни бактерии,квасец). Продуктот е создаден за инокулација на почви со микроорганизми кои се јавуваат во природата. Погоден за секаков вид на почва. Ја подобрува почвата, помага при формирање на хумус и во таа насока помага при ртењето, формирање корен, цветање, создавање и зреење на плодови. Ги подобрува физичките, хемиските и биолошките својства на почвата. Го забрзува компостирањето на природните состојки.

Состав

Азот0.18%

Калиум 0.20%

Растителни материјали ( меласа од шеќерна трска)

Живи микроорганизми ( бактерии на млечна киселина, фототропни бактерии,квасец)

Придобивки

Со примена на ЕМ АГРО се зголемува корисната микрофлора и микрофауна во почвата која дирекно влијае на искористувањето на хранливите елементи кои се наоѓаат во почвата, односно се подобрува микробиолошката активност.

ЕМ АГРО микроорганизмите брзо се адаптираат на условите на теренот и имаат голем степен на репродукција со што дополнително се зголемува нивниот број. Независно од тоа дали се аплицираат фолијарно или почвено тие рамномерно се распространуваат по целата површина па и на самите растенија бидејќи имаат високо ниво на подвижност.

Примена и дозирање

3-5 во годината во дозација од 30-60л на хектар – фертиригација 

20-30л на хектар – фолијарно