Продукти

Почетна » Хумусна Киселина
humosna kiselina

Хумосна Киселина

ХУМУСНАТА КИСЕЛИНА претставува природна органска материја (полимер) која настанува при биолошки процес на разградување на растителните и животински остатоци.

ХУМУСНАТА КИСЕЛИНА во почвата ги разградува сите позитивни ѓубрива и ја зголемува микробиолошката активност. Во светот е општо признато нејзинато влијание и ефикасност врз овошјето, зеленчукот, житариците, тревниците и цвеќињата, особено во органските сиромашни почви. Составот на елементи во ХУМУСНАТА КИСЕЛИНА е непроценливо важен при исхраната на растенијата и при додавање во почвата ја збогатува со неопходните органски материи и микроелементи, со што растенијата во ваква почва дават поквалитетни плодови. Компаративно гледано, во 10 литри хумусна киселина има органски материи како во 30 тони арско ѓубре. Со континуирано користење на хумусната киселина ќе се намали потребата од додавање на основни вештачки ѓубрива. Сличен производ како ХУМУСНАТА КИСЕЛИНА во светот не постои.

Состав

Вкупен азот (N) 0.2%

Вкупен фосфор (P2O5) 0.03%

Вкупен калиум (К2О) 2.5%

Хуминска киселина 12.4%

Фулвинска киселина 3.78%

Аспарагинска киселина 5.08%

pH вредност 8.5-9

Придобивки

– подобрување на апсорпцијата на хранливите материи;

– подобрување на плодноста на почвата и стимулирање на микробиолошката активност;

– зголемување на способноста за задржување на водата во почвата;

– зголемување на р’тењето на семето, поттикнување на растот и зголемување на приносите;

– подобрување на квалитетот на растението, како и зголемување и зајакнување на коренот;

– зголемување на искористеноста од вештачките ѓубрива;

– спречува од болести и топлински стрес;

– смалување на остатокот од пестициди и штетни материи во почвата (нитрати и соли)

– зголемување на растителните ензими;

– jа нормализира ph вредноста на почвата;

– помага во борбата против сите типови на хлороза;

– помага за побрзо заздравување на растенијата при временски непогоди (град,ветер и сл.);

Примена и дозирање

ГРАДИНАРСТВО 

 Се аплицира по 10л./ха на секоја апликација:

– На секои 30 дена во тек на целата вегатација до берба

ОВОШТАРСТВО И ЛОЗАРСТВО 

Се аплицира по 10л./ха на секоја апликација:

– 5-10 дена по зимско ѓубрење

– 10-15 дена по завршување на цветањето

– Во фаза на зреење на плодовите

ЦВЕЌАРСТВО

Се аплицира по 10л./ха на секоја апликација:

– При висина на растението од 10-15 cm

– 30 дена по првата апликација